Ново шоу на Мурињо – Се скара со Лампард, па го бараше Дајер во тоалет (Видео)

Жозе Мурињо повторно имаше специјално шоу на мечот меѓу Тотенхем и Челзи, што го доби неговиот тим на пенали со 5:4 и мина понатаму во Лига купот на Англија.

Специјалниот најпрво се скара со Френк Лампард во првото полувреме, па збесна по чудниот потег на Ерик Дајер, кој замина во тоалет среде натпревар.

Мурињо веднаш тргна да го бара својот играч по соблекувалните, а во тој момент Челзи имаше предност од 1:0.

https://twitter.com/OnlyFootballCl1/status/1311019245090811906?s=20

Домаќините со играч повеќе на теренот во отсуство на Дајер имаа и чиста шанса преку Хадсон-Одои да зголемат на 2:0 и да го решат мечот, но фудбалерот на Челзи промаши.

https://twitter.com/EIemten/status/1311038889566535682?s=20

Дајер се врати на теренот, а утката на Хадсон-Одои ја казни Ерик Ламела со израмнувачки гол на 1:1 во 83-тата минута.

https://twitter.com/thespursweb/status/1311039989568942083?s=20

Потоа се изведуваа пенали и играчите на Тотенхем го израдуваа Мурињо со пет погодоци, додека на спротивната страна во петтата серија промаши Мејсон Маунт за конечен триумф и радост за Жозе и неговите избраници.

- Оглас -

Најнови вести