Новогодишен пакет од Вардар за Хајдук, со Тодоровски на „Пољуд“ доаѓа и Барсегјан

Тигран Барсегјан ќе игра за Хајдук, а хрватските медиуми објавија дека до крајот на неделава тој ќе потпише договор со сплитските били.

Барсегјан го раскина договорот со Вардар, поради долгови на „црвено-црните“ кон ерменскиот репрезентативец и е слободен играч.

Конкурент на Хајдук за ангажман на Тигран како што пишуваат новинарите на „Спортске Новости“ е и Риека, но помали се шансите тој да биде соиграч на Дарко Велковски.

„Слободна Далмација“ пак објави уште пред некој ден дека хрватскиот гигант од Сплит е заинтересиран да го ангажира и младиот бек на Вардар, Тодор Тодоровски. И тој може да си замине од клубот, бидејќи Вардар му должи пари, но „црвено-црните“ ќе се обидат да се договорот, да му ги исплатат долговите и да го задржат талентираниот играч кај себе.

- Оглас -

Најнови вести