Новото засилување му прави проблем на Лампард пред стартот на сезоната

Челзи вчера во ремито против Бјатон од 1-1 го одигра првиот пријателски натпревар од подготовките за новата сезона. За тимот на Френк Лампард дебитираа новите засилувања Тимо Вернер и Хаким Зијех, а еден од нив му направи проблем на две недели пред стартот на сезоната во Премиер лигата.

Зијех го напушти теренот по педесетина минути игра откако се здоби со мала повреда на коленото, по што Лампард потврди дека ќе бидат потребни детални прегледи за да се утврди паузата.

„Зијех имаше болки во коленото, првично изгледаше дека се работи за мала повреда, но ќе бидат потребни дополнителни прегледи за да се утврди колку е сериона и дали ќе треба да паузира“, истакна Лампард.

Сезоната за Сините почнува на 14 септември со гостување токму кај Брајтон, вчерашниот противник.

 

- Оглас -

Најнови вести