Новото засилување на Црвена звезда претставено со мотиви од планетарно популарната серија La casa de papel (Видео)

Црвена ѕвезда во новата сезона ќе биде посилна за Диего Фалчинели кој доаѓа на едногодишна позајмица од тимот на Болоња. Напаѓачот доби уникатен начин на промоцијаво српскиот првак, а целиот клип беше во мотивите на планетарно популарната шпанска серија „La casa de papel“.

Играчот облечен во црвен скафандер излегува од италијанската амбасада, а е маскиран како што се луѓето во популарната серија. Маскираниот влегува во автомобил и заминува директно во соблекувалната на Црвена ѕвезда.

Фалчинели има 29 години, а минатата сезона ја помина како позајмен во Перуџа во Серија Б. На 27 меча даде три гола. Доколку Црвена ѕвезда реши да го задржи Фалчинели и следната сезона, ќе треба да плати два милиони евра оштета на Болоња.

https://twitter.com/i/status/1304019266392514560

 

 

- Оглас -

Најнови вести