Ренџерс ќе ја победат Филаделфија во ноќ како создадена за плусови

1613 Њујорк ренџерс – Филаделфија флаерс (НХЛ, 01 часот)

Тимот од Њујорк одмори цели пет дена откако им беше одложен еден меч и ќе се обиде да ја продолжи серијата од три победи против екипа што е во лоша форма.

Филаделфија ги загуби последните пет меча, а ноќеска ќе игра против големиот ривал без шестмина хокеари.

Во 2021 година двете екипи често играа меѓу себе, а особено се паметат двете неверојатни победи на Ренџерс од 9:0 и од 8:3 во март.

Њујорк е и поодморен и поквалитетен и во подобра форма од гостите, па типуваме дека ќе победи.

Предлог тип: 1 (2.00) Супер тип на Sport Life

 

8346 Тре Јанг (Индијана – Атланта, НБА, 01 часот)

Тре Јанг е еден од најдобрите бекови во НБА-лигата и моментно е петти стрелец со просек од 26 поени.

Од бековите подобар просек досега има само феноменалниот Стеф Кари, што е само потврда за квалитет на Јанг.

И што е уште поважно, за да се одигра дека Тре ќе оди над просекот ноќеска против Индијана, во прилог е и податокот дека против Пејсерс игра одлично и на последните четири дуели просекот му е точно 30 поени.

Предлог тип: >26.5 поени (1.85)

 

8350 Торонто мејпл лифс – Колорадо авеланш (НХЛ, 01.30 часот)

Двете екипи се во победничко расположение, Торонто со четири триумфи по ред и Колорадо со четири на последните пет меча.

Колорадо го има еден од најдобрите напади во Западната конференција со 73 постигнати голови на 18 натпревари.

Назим Кадри им е најдобар стрелец и четврти на ранг-листата со 27 поени, или комбинирано со 7 гола и 20 асистенции. Проблем за Авеланш е што поради повреда не игра првата ѕвезда во тимот Нејтан Мекинон, кој лани собра 93 поени и беше петти на листата со најдобри поентери во НХЛ.

И Торонто има опасни стрелци, во топ-форма се Тавареш, Ниландер, Метјус… што ветува спектакуларен меч на две одлични екипи и многу голови.

Предлог тип: >5.5 гола (1.75) 

 

8366 Милвоки бакс – Шарлот хорнетс (НБА, 02 часот)

Шарлот изненади сезонава со офанзивниот стил на игра и е најефикасната екипа во НБА со 2.632 поени на 23 натпревари.

Тимот што беше ултрадефанзивен во последните сезони, одлучи да ја смени тактиката, па ран-енд-ган стилот што го играат сезонава им носи резултати.

Хорнетс се во плејоф-сегментот на шестото место во Источната конференција, а Розие, Хејворд, Бол… играат атрактивна кошарка.

Идентичен стил има и шампионот Милвоки бакс, а квалитетот на Адетокумбо, Мидлтон, Портис… ветува нов спектакл и многу кошеви на мечот на ривалите од Источната конференција.

Предлог тип: >227,5 поени (1.62)

 

8496 Лука Дончиќ (Њу Орлеанс – Далас, НБА, 02 часот)

Дончиќ се врати од повредата, но сега проблем за Далас е што настапот на Порзингис е неизвесен.

Маверикс се мачат со проблеми од стартот на сезоната, но некако успеваат да се држат, па се наоѓаат на одличното четврто место во Западната конференција.

Дончиќ конечно е фит и ќе треба да го предводи Далас до 11-та победа. Словенецот против Њу Орлеанс игра одлично и постојано им го полни кошот, а рекорд му се 46 поени на почетокот на оваа година.

Сега веројатно ќе ја нема поддршката од втората ѕвезда во тимот, Порзингис, но Дончиќ постојано покажува врвен квалитет и капацитет на лидер на тимот, па се очекува лесно да ја надмине границата од 27 поени.

Предлог тип: >27.5 поени (1.87)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести