Шведскиот репрезентативец Мика Зибанеџад одигра симултанка на мраз против Вашингтон капитолс и со пет гола речиси сам му донесе победа на Њујорк ренџерс од 6:5 по продолженија.
Шведскиот репрезентативец блескаше во „Медисон Сквер гарден“ ноќеска и стана само третиот Ренџер во историјата на клубот кој е еден од основачите на НХЛ со пет гола на ист меч.
Пред него тоа им успеа само на Дон Мардох во 1976 година и на Марк Павелич 7 години подоцна. Зибанеџад постигна четири гола во регуларниот дел од мечот и последниот победнички на самиот почеток од продолжението.
Рекорд во Лигата е 7 погодоци од ист хокеар, а сопственик е Џое Малон кој за Квебек булдогс ги постигна на натпревар одигран во 1920 година.
Досега заедно со Зибанеџад само 45 хокеари во НХЛ успеале да постигнат пет или повеќе голови на ист меч, а ноќеска подвигот на играчот на Њујорк е по 61-ви пат еден хокеар да ја тресе противничката мрежа пет или повеќепати на еден натпревар.