Њујорк повторно го победи Бостон, шампионот и Голден Стејт се на чекор од елиминација (Видео)

Њујорк никс на свој терен го победи Бостон селтикс со 121:113 во полуфиналето на Истокот и поведоа со 3:1 во победи во оваа серија на НБА-плејофот. Сега Њујорк е само на една победа од првиот пласман во конференциско финале по пауза од 25 години. Од друга страна, актуелниот НБА-шампион, Бостон селтикс, е во незавидна ситуација и е на чекор од елиминација. Следниот меч се игра в четврток, на теренот на Бостон.

Поразот не е единствената лоша вест за Бостон. Нивниот најдобар играч Џејсон Татум кој постигна 42 поени утрово, на три минути пред крајот мораше да го напушти теренот поради повреда на десната нога и неговиот настап на следниот натпревар засега е неизвесен.

На еден меч од елиминација е и Голден стејт. Воините без Стеф Кари во составот едноставно немаат шанси да ѝ парираат на Минесота, па утрово повторно загубија на свој терен, овојпат со 117:110. Минесота сега води со 3:1 во победи и следниот меч ќе го игра на свој терен, што значи ќе има прва меч-топка за пласман во конференциското финале.

Рендл со 31 поен и Едвардс со 30 поени беа лидери на Минесота до победата, додека Куминга беше најпрецизен кај Голден стејт со 22 поени.

- Оглас -

Најнови вести