Њукасл го ангажира голманот кому една грешка му ја уништи кариерата: Време е да ги ставиме демоните под кревет

Лорис Кариус потпиша договор од шест месеци со Њукасл. Некогашниот голман на Ливерпул којшто направи кардинална грешка и му подари гол на Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите во 2018 година, ќе биде втор голман, но и конкуренција на Ник Поуп.

На Лорис не му е потребен тренинг на теренот, туку разговор со психолог за сето тоа што се случуваше во финалето од Лигата на шампионите.

Можам да ве уверам дека тој е фантастичен голман, но по тој момент едноставно не е истиот. Јас мислам дека ја знам формулата и ќе се фокусираме на менталното здравје. Сега е време да ги ставиме демоните под кревет, а кога ќе успееме во тоа, тогаш Кариус ќе биде повторно оној стариот“, изјави Дин Ашфорд, спортскиот директор на Њукасл.

Договорот на Кариус со Њукасл е до јануари, но доколку и двете страни се задоволни од соработката, тогаш тој може да биде продолжен до крајот на оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести