Њукасл го купува фудбалерот што го сакаа ПСЖ и Манчестер јунајтед

Бруно Гимараеш од Олимпик Лион е фудбалер кој ќе биде најновото засилување на Њукасл. Англискиот тим пред неколку месеци доби нови газди и сега се во потрага на квалитетни играчи кои ќе помогнат тимот од „Сент Џејмс парк“ да не испадне од Премиер лигата.

Бразилецот Гимараеш беше на цел и на Манчестер јунајтед и Пари Сен Жермен, но парите беа одлучувачки, а тука Њукасл е неприкосновен. Лион ќе добие 40 милиони евра за трансферот, а на сметката на францускиот тим ќе „легнат“ уште осум милиони евра доколку Њукасл успее да се спаси од испаѓање.

Договорот ќе биде потпишан до јуни 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести