Њукасл има многу пари и уште повеќе проблеми – Играчите се тепаа пред новите газди, огнот ќе го гаси познато име

Њукасл сега има многу пари, но и стари проблеми, па повторно имало тепачка меѓу играчите по поразот од Тотенхем со 2:3 завчера. Капитенот Ласелс и Хајден биле највоинствени во соблекувалната на Црно-белите, па едвај биле смирени со интервенција на соиграчите.

Ова беше првиот меч на Њукасл со новите пребогати сопственици од Саудиска Арабија, но ефектот е нов пораз и стари проблеми.

И претходно на еден од тренинзите неодамна се закачија Двајт Гејл и помошник-тренерот Греем Џонс, имаше и бунт против тренерот Стив Брус, кој веројатно ќе добие отказ.

Се најавува доаѓање на легендарниот Вејн Руни, кој би го заменил Брус како привремено решение на клупата на Њукасл.

Тимот сè уште нема победа во 8 кола во новата сезона во Премиер лигата и со 3 бода е претпоследен. Саудијците го купија клубот од Мајк Ешли за сума од 300 милиони фунти и сакаат да направат нов фудбалски гигант, но почетокот е исклучително тежок.

Понудите за тренерската позиција засега ги одбија Антонио Конте и Зинедин Зидан, па веројатно Руни ќе се обиде да го стивне огнот што подолго време гори во клубот.

Брус нема авторитет кај играчите, кои веќе се побунија против неговите методи на работа, што речиси сигурно ќе му донесе отказ. Саудијците сакаат познат тренер на клупата на Њукасл, кој би привлекол познати фудбалски ѕвезди, а се шпекулира дека кандидати се Стивен Џерард, Паоло Фонсека, Унаи Енери и Еди Хау.

 

- Оглас -

Најнови вести