Њукасл му подготвува емотивно враќање на Керол

Њукасл му подготвува емотивно враќање на ветеранот Енди Керол, а на „Сент Џејмс Парк“ сериозно размислуваат да му понудат на некогашниот свој напаѓач да се врати и да го предводи нападот.

Пред 8 години Керол за тогаш рекорден трансфер на англиски фудбалер за 35 милиони фунти замина од Њукасл во Ливерпул и оттогаш кариерата му е во надолен тренд.

Керол има многу проблеми со повредите и сега е на рехабилитација, но Њукасл веројатно ќе ризикува и ќе го ангажира како слободен играч од Вест Хем.

Анди има 30 години и во Њукасл веруваат дека може пак да блеска и да дава голови, а со него би ја пополниле и празнината во нападот по заминувањето на Рондон и на Перес.

Лани Керол одигра само 14 меча за Вест Хем и почесто беше отсутен од терените во Англија поради повреди.

- Оглас -

Најнови вести