Голманот Марк Андре тер Штеген и напаѓачот Лаутаро Мартинез се двете главни желби како засилувања за Њукасл во летниот преоден рок.
На саудиските газди на Чавките парите не им се проблем, па во летото ќе го засилат тимот со неколку ѕвезди и нема да штедат за да ги донесат во своите редови.
Барселона не е расположена да го продаде својот прв голман, кој осум години е на голот на Барса, но клубот има и финансиски проблеми, па ако Њукасл даде богата понуда, а се зборува за понуда од над 50 милиони евра, тешко ќе им биде на Каталонците да кажат не.
На Лаутаро Мартинез ќе му понудат двојно поголема плата од таа што ја зема во Интер за да направат напаѓачки тандем Исак-Мартинез.