Њукасл одново ќе урива клупски рекорд

Њукасл летово прилично добро се поднови со три нови имиња за кои беа потрошени 66 милиони евра. Новите членови на Страчките се дефанзивците Свен Ботман и Метју Таргет, како и голманот Ник Поуп, но дојде редот да се освежи и нападот.

Претходно во јануари годинава со трансферот на Бруно Гимараес, Њукасл постави клупски рекорд со сумата од 40 милиони евра, а сега исто толку ќе троши за еден од Дуван Запата од Аталанта, или за Александер Исак од Реал Сосиедад.

И двајцата се проценети на 40 милиони евра, што за Њукасл не претставува проблем и веќе се остварени контакти со калчолигашот, односно шпанскиот прволигаш.

- Оглас -

Најнови вести