Контроверзниот сопственк на Њукасл, Мајк Ешли, конечно одлучил да ја исполни желбата на навивачите и да го продаде англискиот клуб. Според најавите од „Скај спорт“, Ешли одлучил да го продаде Њукасл на саудиската фондација ПИФ, која е во сопственост на Принцот Мохамед бин Салман.
Продажбата на Њукасл се оценува да биде околу 350 милиони евра, а ПИФ ќе добие 80 отсто од акциите на клубот. Останатите 20 отсто од акциите ќе останат во сопственост на браќата Рубен и Аманде од ПЦП Капитал.
Доколку се реализира целиот договор, Њукасл за сопственк ќе го добие Принцот Мохамед, чие богатство се проценува на 1,4 трилиони долари. Тоа значи дека во најскоро време може да очекуваме и Њукасл да се вмеша меѓу екипите кои ќе се борат за висок пласман.