Њукасл потроши 102 милиони евра, дали се засили доволно за опстанок во Премиер лигата?

Многумина ги интересираше какви ѕвезди ќе донесе Њукасл во зимскиот преоден рок бидејќи најавите од богатите саудиски газди беа бомбастични, а на крајот на трансфер-пазарот може да се сумира дека Чавките потрошиле 102 милиони евра за петмина фудбалери, од кои ниту еден не е суперѕвезда.

Цел на клубот е сезонава да се спаси од испаѓање, а потоа во летниот преоден рок да потрошат многу пари за тимот во следната сезона да се бори за излез во Европа.

Њукасл најмногу пари (42 милиони) даде за плејмејкерот Бруно Гимараеш од Лион. Нападот го освежија со Крис Вуд од директниот конкурент Барнли, за кого платија 30 милиони. Во одбраната нови имиња се десниот бек Киран Трипие кого го вратија во Англија од Атлетико Мадрид за 15 милиони, како и стоперот Ден Бурн од Барнли, иако најавуваа позвучни дефанзивци. На позајмица стигна левиот бек Мет Таргет.

По Њукасл, најмногу пари во јануари потрошија Јувентус (97,7 милиони), Барселона (55 милиони), Ливерпул (45 милиони) и Евертон (37,5 милиони).

- Оглас -

Најнови вести