Нуркањето на Кејн докажува колку Англичаните беа немоќни во срамниот пораз (видео)

Унгарија го посрамоти Гордиот Албион со високите 4-0 нанесувајќи болен пораз кој нема лесно да се заборави.

Избраниците на Саутгејт делуваа немоќно на теренот во Вулверхемптон, продолжувајќи ја негативната низа од шест натпревари во кои Англичаните не дадоа погодок од отворена игра, поточно вчеравечер воопшто не стигнаа до унгарскиот гол.

Знак на немоќ беше и срамното нуркање на Хари Кејн во обид да изнуди пенал. Дури и англиските навивачи му замерија на голгетерот на Тотенхем што постапи аматерски.

- Оглас -

Најнови вести