Нуркиќ: Дурант да беше роден на Балканот, немаше никогаш да успее

Јусуф Нуркиќ е еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата што доаѓаат од Балканот. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина денеска зборуваше на многу теми во онлајн интервју, а посебно интересно беше објаснувањето за тоа како високите играчи на Балканот автоматски се предодредени да играат на центарската позиција.

Според Нуркиќ, доколку Кевин Дурант се родил во Босна и Херцеговина или некаде на друго место на Балканот, немало да стане тоа што е денеска.

„Тука порано беше дека штом си висок, ти автоматски мора да бидеш центар, без разлика што можеш да направиш со топката. Сега прво те прашуваат што можеш да направиш со топката. Погледнете го Кевин Дурант. Ако тој бил роден во Босна или некоја друга земја во регионот, сигурно ќе морал да игра центар и немало да стигне да го покаже својот квалитет и да игра во НБА-лигата. Тоа едноставно е начинот на којшто се работи тука“, објасни Нуркиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести