Нуркиќ ја отвори душата: Замислете Французите да немаат каде да спијат и што да јадат

Босна и Херцеговина го направи едно од најголемите изненадувања во досегашниот дел од Европското првенство во кошарка откако успеа да го победи актуелниот континентален бранител, Словенија. НБА-ѕвездата Јусуф Нуркиќ е предводник на селекцијата на БиХ, која за следен ривал ја има Франција.

Нуркиќ на француските новинари им раскажа со какви проблеми се соочуваат кошаркарите на БиХ, но и каков е животот во земјата од која доаѓа.

„Уморен сум од тоа да повторувам со колку проблеми се соочува обичен човек во нашата земја, но и ние како кошаркари. Нашите подготовки беа пекол. Замислете репрезентацијата на Франција да нема хотел за спиење или храна за играчите. Не можам да најдам зборови за да опишам. За некои наши играчи можеби е тоа нормално, да се биде во таква нестабилна средина, но мене, кој со години играм во НБА, не ми е нормално. Тоа се обидувам да му го кажам на обичниот народ. Ова не е нормално. Ние не треба да се грижиме за тоа. Ние треба само да се фокусираме да одиграме најдобро на теренот и да се обидеме да победиме. Ние играме за да го израдуваме нашиот народ, а не политичарите. Само да видевте како се прослави нашата победа над Словенија. Знам дека дури и да освоиме злато, тешко дека нешто ќе се промени, ниту војната смени нешто, ниту сега пандемијата. Децата во БиХ си заминуваат во странство, 30 години подоцна слушаме како пак може да има војна. Тоа 99 отсто од луѓето не сакаат да го слушнат. Ние сакаме да му дадеме нешто позитивно на нашиот народ, па макар и на момент да заборават на многуте проблеми“, рече Нуркиќ.

Денеска се играат дури 12 средби на ЕП, а во понудата на Sport Life има и дури 110-мина кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат.

- Оглас -

Најнови вести