Јусуф Нуркиќ доби тужба од момчето, чиј телефон го фрли на трибини по вербалната расправија во Филдхаус арена“ во Индијана.
Центарот на Портланд тогаш не играше, а според новинарот на „Јаху“ Крис Хејнс бил провоциран од трибините.
Според Хејнс, за кого оштетениот навивач Стивен Геске исто така најави тужба за лажни информации, Нуркиќ бил жестоко навредуван, а биле спомнати неговата мајка и почината баба.
Потоа Нуркиќ реагираше, дојде до Геске и групата момчиња кои биле во негова придружба, а се навивачи на Индијана пејсерс, му го зема мобилниот телефон и го фрли на трибината.
https://twitter.com/BasketNews_com/status/1505793538906374145?s=20&t=DGg4Oz14uvcnGYiP_1jGFA
Обезбедувањето спречи поголем инцидент, а Геске објави дека поднел тужба против Нуркиќ и новинарот Хејнс, поради нарушен углед во заедницата.
Тој се пожали и дека оттогаш, а мечот се играше на 20. март добивал смртни закани и дека морала да го штити полиција секојдневно.