Пандев одигра 20-тина минути, Несторовски остана на клупата во меч на кој немаше голови

Удинезе и Џенова одиграа без голови 0:0 во Удине, на меч меѓу две екипи кои сезонава ќе се борат за опстанок во Серија А. Овој бод повеќе ги израдува гостите, а ова е и прв бод во тренерската клупска кариера на некогашниот легендарен голгетер Андриј Шевченко, кој е на клупата на Џенова.

Горан Пандев влезе во 73 минута и одигра нешто повеќе од 20 минути за гостите, додека Илија Несторовски остана на клупата за реерви кај Удинезе и уште го чека првиот меч по враќањето по тешката повреда.

Џенова речиси три месеци нема победа во првенството и со 10 бодови од 14 меча е на 18-тото место во Серија А. Удинезе има 15 бода и моментно е на 14-тата позиција.

- Оглас -

Најнови вести