Објавена е листата на најбогати спортисти, на првото место е Летечкиот Мајкл, Роналдо е едвај петти (Фото)

Американскиот портал „Спортико“ објави листа на спортисти кои заработиле највеќе како активни спортисти, но и по нивното пензионирање и на првото место се наоѓа за многумина најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан.

Џордан професионалната кариера ја започна во 1984 година и играше до 2003 година, иако години се оддалечи од кошарката и играше бејзбол. Тој досега заработил 3,3 милијарди долари. Веднаш зад него се тројца голфери. Тајгер Вудс досега заработил 2,5 милијарди долари, Арон Палмер 1,7 милијарда, а Џек Никлаус 1,63 милијарда.

На петтото место е Кристијано Роналдо кој досега инкасирал 1,58 милијарди, додека 50 милиони помалку има заработено Леброн Џејмс. Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси е седми со 1,48 милијарда долари.

На листата има 15 спортисти кои заработиле најмалку милијарда долари, а „најбогат“ од регионот очекувано е Новак Ѓоковиќ кој досега заработил 575 милиони долари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести