Американскиот финансиски магазин, Форбс, ги објави десетте највредни фудбалски клубови во светот за 2023-тата година. Реал Мадрид повторно е прв, со проценета вредност од 6.07 милијарди долари. „Кралскиот“ клуб е во сопственост на своите навивачи или како што ги нарекуваат во Шпанија, „соси“. Минатата година Реал Мадрид остварил приход од 873 милиони долари, а 205 милиони долари од нив се од спонзорите кои ги имаат на дресот.
На втората позиција е Манчестер јунајтед со вредност од шест милијарди долари, а во топ-5 се и Барселона, Ливерпул и Манчестер сити. Во првата десетка го нема вториот финалист од Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд, а од шесттата до десеттата позиција се Баерн Минхен, ПСЖ, Тотенхем, Челзи и Арсенал.