Објавена снимка од страшната несреќа во која загинаа двајца спортисти во Хрватска (Видео)

Доцна синоќа во хрватскиот град Задар се случи страшна сообраќајна несреќа кога автомобил Ауди со голема брзина излета од патот и заврши во морето. Во автомобилот биле четворица млади момчиња, од кои две загинале на самото место, еден е потешко повреден, а еден е надвор од животна опасност.

Загинатите момчиња се спортисти, млади кои допрва требало да го покажат својот талент на терените. Зад воланот бил Јосип Бепо Кадија, кој имал само 19 години, перспектива на ракометниот клуб Загреб. Кадија загина на самото место, исто како што загина и 16-годишниот талентиран фудбалер Јосип Бркљачиќ, играч на екипата на Примор од Биоград.

Крешимир Шкара, 22-годишното момче кое успеало да помине без потешки повреди, сам излегол од автомобилот и испливал до брегот.

„Сам исплива до брегот и му помогнаа да излезе. Слушнав само како рече „уште тројца се внатре“, а потоа го однесоа со возило на Брза помош. Никој од нас што бевме на лице место не скокна во морето затоа што беше многу темно, ништо не се гледаше, а беше и длабоко. Автомобилот многу брзо потона, немаше ни 30 секунди. Ова е голема трагедија, не можев да заспијам до пет наутро“, вели еден очевидец кој ловел риба недалеку од местото на несреќата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести