Обложете се на Вест хем, тренерот на Чеканите не сака да остане без работа

Тренерот на Вест хем, Мануел Пелегрини призна дека се плаши дека може да биде избркан, доколку неговиот тим не победи во следниот меч од Премиер лигата. Чеканите имаат само 16 бодови од 16 мечеви досега и тоа е доволно за 16-тото место на табелата.

Вест хем нареди четири порази во последните пет меча и Пелегрини е свесен дека нов неуспех може да значи и негов отказ од клубот. Лондончани утре гостуваат кај Саутемптон, екипа која има 15 бодови и е во зоната за испаѓање. Доколку Вест хем загуби, тогаш Чеканите може да се најдат меѓу најслабите три екипи во лигата.

„Тоа што мора да го направиме е да победиме на следниот дуел. Ако не го направиме тоа, во понеделник веќе може да бидам без работа. Знам дека имаме освоено малку бодови досега“, рече Пеленрини во пресрет на дуелот со Саутемптон.

Пелегрини требало да добие отказ уште по поразот на свој терен од Арсенал со 1:3, но сепак добил последна шанса за спас на работната позиција. За да се случи тоа, потребна е победа против Саутемптон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести