По пауза од 13 години, Интер повторно ќе игра во финале на Лигата на шампионите откако двапати го победи градскиот ривал Милан. На првиот меч Нераѕурите победија со 2:0, а на реваншот беше 1:0 за Сино-црните.
Токму на реванш-дуелот, еден обложувач од Англија успеа одлично да заработи на необична игра. Само со шест вложени фунти, обложувачот типувал дека сите 20-мина фудбалери кои беа стартери во поле ќе направат барем еден фаул на натпреварот. Вкупната квота за вакво нешто изнесуваше 157.21, а добивката е 943.27 фунти.
Како што очекувал обложувачот, дуелот на „Џузепе Меаца“ беше со многу фаули, на двете страни имаше дури 37 прекршоци, но тоа што е најважно е дека сите 20-мина стартери барем по еднаш направија фаул, па овој неверојатен тикет на крајот е и добитен.