Обрадовиќ ја освои „својата“ ОАКА, Панатинаикос без решение за Црно-белите

Кошаркарите на Партизан ја забележаа третата победа по ред во Евролигата откако вечерва славеа над Панатинакос со 91:89 и тоа во Атина. Црно-белите по шест кола имаат скор од три победи и исто толку порази, додека Панатинаикос има една победа и пет загубени натпревари.

Гостувањето на арената „ОАКА“ во Атина секогаш буди специјални моменти за Жељко Обрадовиќ, кој сега седи на клупата на Партизан. Обрадовиќ го предводеше Панатинаикос од 1999 до 2012 година и со Зелените освои пет титули во Евролигата, 11 титули во грчкиот шампионат и седум купа на таа земја.

Партизан го предводеше капитенот Кевин Пантер со 29 поени и шест постигнати тројки, одлични беа и Матијас Лесор со 15 поени и 11 скока, Зек Ледеј со 13 поени и 10 скока и Данте Ексум со 12 поени.

Двејн Бејкон и Нејт Волтерс беа најефикасни кај Панатинаикос со по 17 поени.
Партизан одлично го започна мечот и првата четвртина ја доби со 31:16, а предноста ја одржуваше во втората четвртина, иако во еден момент грчкиот тим успеа да ја намали негативата на девет поени, но потоа Пантер и Мадар погодија и постигнаа поени за ново сигурно водство на Партизан.

Грчкиот тим успеа да се врати во игра во третиот дел, кога дојде до минус еден, 57:58, и најави неизвесна последна четвртина.

Во неа Партизан повторно дојде до двоцифрена предност (88:78), но домаќинот возврати со серија од 6:0 и ја врати резултатската неизвесност. На 15,5 секунди до крајот, Егзум погоди за пет поени разлика, но потоа направи прекршок над Бејкон, кој ги реализира трите слободни фрлања. Точка на победата на Партизан стави Анѓушиќ, кој ги погоди двете слободни фрлања.

Реал Мадрид славеше со 83:77 на гостувањето кај Милано благодарение на одличната игра на Џанан Муса, кој постигна 25 поени.

Баерн Минхен дојде до првото славење сезонава откако беше подобар од актуелниот европски шампион Анадолу Ефес со 81:78, а најубедливиот триумф го оствари Басконија, која со 116:87 славеше над Макаби Тел Авив.

- Оглас -

Најнови вести