Очаен крај во Лигата на нациите, Македонија дома капитулира од Бугарија (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација загуби дома од Бугарија со 0:1 во меч од последното коло во Лигата на нациите. По овој неуспех, Македонија заврши на третото место во групата зад Грузија и Бугарија, а пред Гибралтар.

Кирил Десподов беше стрелец на единствениот гол на мечот во 50-тата минута, доволен за радост на Бугарите. Гостите одлично одиграа во еден контранапад, а капитенот Десподов го матираше Димитриевски. На крајот, овој момент се покажа и како клучен за радост на Бугарија.

Втор клучен момент беше црвениот картон на Тодор Тодороски, и тоа само по 15 минути игра. Тодороски несмасно со високо крената нога направи фаул, а судијата му даде директен црвен картон.

По тоа исклучување, Македонија мораше во следните 75 минути да игра со фудбалер помалку, но не издржа барем да не загуби.

На крајот од оваа група, Грузија заврши со 16 бодови, Бугарија има девет, Македонија само седум, а Гибралтар е последен со еден бод.

- Оглас -

Најнови вести