Очаен Вардар, незадоволните Комити ги навредуваа играчите и управата

Вардар попладнево беше убедливо поразен дома од Воска спорт, а разочараните Комити ги исвиркаа и навредуваа фудбалерите и раководството на клубот.

За Воска ова е петта победа по ред во меѓусебните дуели со најтрофејниот македонски клуб. Со новиот тренер Горан Петрески на клупата, Вардар има два порази во две кола.

Шкендија и Струга со денешните победи се задржаа на врвот, а зад нив се Гостивар и Работнички, тимови кои немаат пораз по првите четири кола сезонава.

РЕЗУЛТАТИ: Беса 1976 – Работнички 0-0, Шкендија – Пелистер 2-0, Силекс – Шкупи 2-1, Струга Трим Лум – Брера Струмица 2-0, Тиквеш – Гостивар 0-0, Вардар – Воска спорт 1-3.

ТАБЕЛА: Шкендија 10 бодови, Струга 9, Гостивар и Работнички по 8, Силекс 6, Воска, Шкупи, Тиквеш, Пелистер и Беса по 4, Брера Струмица и Вардар по 3 бода.

- Оглас -

Најнови вести