Очајна одбрана на Реал, никој не го чува Касорла

Ветеранот Санти Касорла првпат на еден меч од шпанската Примера даде гол со глава, а синоќешниот беше многу важен и бидејќи му донесе бод на Вилјареал против Реал Мадрид. Шпанските медиуми се занимаваа со очајната одбрана на Реал при тој гол со глава на Касорла и како тој се најде сам и непречен од никого даде гол со глава на два-три метри од Тибо Куртуа.

Во близина на Касорла беа Иско, Рамос, па и Марсело, но никој не спречи изедначување. Се чини дека највиновен е Иско, кој доцнеше и не го следеше Касорла до крај. Рамос ја следеше топката и веројатно не ни виде дека зад грб му се прикрадува фудбалерот на Вилјареал. Марсело и онака имаше катастрофална игра, па не се ни потруди да дојде до Касорла и евентуално да го попречи.

Уеска е единствениот тим со повеќе примени голови на гости од Реал и оваа статистика покажува каква е дефанзивата на мадридскиот гигант сезонава, особено кога не игра дома. Реал ја продолжи лошата традиција да не победува на првиот меч по освоена титула на Светско клупско првенство, а за тренерот Сантијаго Солари ова е прв нерешен исход на клупата на „кралевите“ по 11 победи и два порази.

 

- Оглас -

Најнови вести