Очекувано, Астон вила остана без тренер по дебаклот против Фулам

Веднаш по убедливиот пораз од 3:0 од Фулам во 12-тото коло во Премиер лигата, Астон вила го отпушти менаџерот Стивен Џерард.

Ова беше четврти натпревар по ред на кој Астон вила не победи, а на последните осум меча има само еден триумф, по што челниците на тимот одлучија да му врачат отказ на Џерард. Според англиските медиуми, Астон вила сака како замена за легендарниот капитен на Ливерпул на клупата да го донесе Маурисио Покетино.

Џерард потпиша три и пол годишен договор вреден 5,5 милиони фунти годишно, но годинава освои само 32 бода во 31 меч.

Џерард во летниот преоден рок потроши 52 милиони фунти за засилувањата, но и покрај тоа, екипата игра очајно и по 11 одиграни натпревари се наоѓа на 17-тата позиција на табелата со 9 бода, само три повеќе од фенерџијата Нотингам форест.

Екипата во следното коло против Брентфорд најверојатно ќе ја води Гери Мекалистер, кој му беше помошник на Џерард.

- Оглас -

Најнови вести