Од 11 години бил дел од клубот, а сега поради бизарна причина доби отказ

Чешкиот фудбалер Мартин Хашек на бизарен начин доби отказ од Спарта Прага. Хашек е во Спарта од својата 11-та година, а сезонава во добар дел од мечевите беше и стартер. Сепак, поради пандемијата од Коронавирусот остана без договор. Која е причината за тоа?

Поради стравот од Коронавирусот, фудбал нема во Чешка, но дел од екипите започнаа со кратки тренинзи. Со Спарта одлучиле да имаат тренинзи во помала група фудбалери, но Хашек одбил да тренира затоа што бил уплашен од опасниот вирус и по своја желба престанал да доаѓа на тренинзите.

Челниците на клубот за казна го префрлиле Хашек во тимот Б на Спарта. Фудбалерот одбил да тренира со вториот тим, па од Спарта решиле да му дадат отказ. Воопшто не било дилема за првите луѓе на клубот иако Хашек е „дете на Спарта“. Иако сега е без клуб, Хашек се очекува наскоро да најде нова средина, посебно ако се знае дека сезонава има пет гола и четири асистенции, а неговата вредност на трансфер-пазарот се проценува на 1,8 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести