Од 1984 година на Ферари не му се случило ваква катастрофа на Монца!

Возачите на Ферари имаа уште една очајна трка во квалификациите. На патеката во Монца, двата болиди на италијанскиот тим беа елиминирани уште во првите две квалификациски рунди, па за прв пат во последните 36 години се случи да нема болид на Ферари меѓу првите 10 на стартната линија. Последен пат такво нешто се случило во 1984 година.

За разлика од возачите на Ферари, актуелниот шампион Луис Хамилтон извозе блескаво. Британецот постави нов рекорд на Монца и си обезбеди нова пол позиција. Втор ќе стартува неговиот тимски колега Валтери Ботас, а трет е Карлос Сајнц.

- Оглас -

Најнови вести