Од Албасете до Атлетико, од лоб до Паненка, Меси за 15 години се изнадава голови (Видео)

Најдобриот светски фудбалер за 2019 година, Лионел Меси, синоќа против Атлетико Мадрид го постигна својот 700-ти гол во професионалната кариера и тоа го стори на атрактивен начин, со пенал изведен во стилот на Антонин Паненка од далечната 1976 година.

Серијата голови на Меси почна во мај 2005 година, на меч против Албасете. Аргентинецот влезе во игра и на асистенција на Роналдињо, со лоб го измами противничкиот голман Раул Валвуена. Тогаш младиот Лео имаше 19-ка на грбот и се знаеше дека е голем талент, но тој се претвори во машина за голови, во последно време и асистенции, па го сметаат за еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Само Меси и Кристијано Роналдо од активните играчи имаат 700 или повеќе голови.

Меси во кариерата еднаш има дадено и пет гола на еден меч, против Баер Леверкузен во март 2012 година, во осминафинале од Лигата на шампионите. Севилја е тимот против кој има најмногу голови (37), давал голови и против два аргентински клуба на Светското клупско првенство, а во дресот на репрезентацијата по пет гола им дал на Бразил, Парагвај и Уругвај.

Од 700-те голови, 90 му се од пенал, а иако се мисли дека е слаб во игра со глава, има дадено 24 гола со шут со глава, најпознатиот од финалето на ЛШ во 2009 година против Манчестер јунајтед, кој му е и омилен гол во кариерата.

Потсетување на првиот гол во кариерата на Меси:

- Оглас -

Најнови вести