Македонската ракометна репрезентацја утре во Дизелдорф ќе го игра првиот меч на Европското првенство. Повеќекратниот европски, светски и олимписки првак Франција е ривалот на Македонија, а селекторот Кирил Лазаров ги прави последните подготовки и ги дели најважните совети пред првиот меч.
Франција е апсолутен фаворит, но Лазаров уште за време на подготовките потенцираше дека против ниту еден ривал нема да се појавиме со „бело знаме“, односно да се предадеме предвреме.
Македонија против Франција има одиграно четири меча и на сите четири победија Галските петли.