Од Молде со порака: Солскјер е само позајмен на Манчестер ј.

Оле Гунар Солскјер е во центарот на вниманието откако во дебито на клупата на Манчестер јунајтед го одведе тимот до убедлива победа од 5-1 против Кардиф. Само по тој еден меч, многумина предвидуваат дека Солскјер всушност ќе биде наследникот на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Солскјер има договор со Манчестер до крајот на сезоната, но потоа Манчестер дури и да сака да го задржи, нема да одлучува сам за тоа. Норвежанецот дојде од тимот на Малме, од каде што потсетуваат дека Оле е всушност нивен тренер.

„Солскјер потпиша договор со нас на три години. Ние ќе бидеме без него само неколку месеци, односно до мај. Потоа тој се враќа да работи во нашиот тим. Ние одлучивме да му дозволиме на Оле да замине во Манчестер бидејќи не сакавме да му застанеме на патот кога се работи за понуда од најголемиот клуб во светот. Тој со години сонуваше за вакво нешто и мило ни е што тој сон му се оствари“, вели директорот на Молде, Ојстеин Нерланд.

 

- Оглас -

Најнови вести