Од ова полудо не може: Мајсторе кревај кранот да гледам фудбал (Фото)

Навивач на Сласк допатува од Вроцлав во Плоцк и приреди вистинско шоу, веројатно и досега невидено на навивачката сцена.

Симпатизерот на гостите си изнајми цел кран и од необична позиција, од над 20 метри височина го следеше мечот на своите миленици, кои го наградија со победа.

Во Полска се игра без присуство на публика на стадионите, но вакви навивачи едноставно не можат да се спречат. Не ги прекрши протоколите, не беше на стадионот, а сепак со оригинална идеа и изведба од одлична позиција го следеше мечот од 29-тото коло во популарната Екстракласа.

По првото полувреме веројатно беше малку и пишман бидејќи Висла имаше предност од 1:0, но потоа се разиграа неговите миленици и со популарниот пресврт „еден во два“ победија со 2:1.

Сласк е на третата позиција во полското првенство на едно коло до крајот на регуларниот дел. Потоа следува плејоф за титулата, во кој тимот од Вроцлав ќе биде сигурен учесник со уште седум екипи кои ќе се борат за титулата.

- Оглас -

Најнови вести