Од претседателско столче во училишна клупа: Вучиќ ќе учи за кошаркарски тренер

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, се пушта во спортските води откако објави дека се запишал на Високата школа за спорт во Белград, каде што ќе го изучува занаетот на кошаркарски тренер.

Вучиќ претседателското столче го менува со училишна клупа, а пред 26 години го заврши Правниот факултет во српската престолнина, а желба му е да биде тренер во најмладите категории.

„Не можам да ви опишам колку сум среќен што после толку години ќе си го остварам сонот од детството“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“, кој е познат по тоа дека негува огромна љубов кон кошарката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести