Oд привремен тренер до НХЛ шампион – Беруби доби нов договор од Сент Луис

НХЛ шампионот Сент Луис блус ја продолжи соработката со тренерот Крег Беруби. Беруби потпиша нов, тригодишен договор, сосема заслужено по историскиот успех. Канадскиот стратег иако дојде како привремено решение по отказот на Мајк Јео во ноември минатата година, буквално го воскресна тимот по што им обезбеди настап во разигрувањата, а потоа ги одведе и до самото финале каде против тимотн на Бостон бруинс, Блус ја освои првата титула во хокеарската лига на САД и Канада.

Канаѓанецот во пресрет на минатата сезона беше назначен за асистент на Јео, иако претходно водеше неколку екипи од НХЛ и Aмериканска хокеарска лига (втора лига). Во периодот кога се чинеше дека ќе биде уште една неуспешна сезона за Сент Луис, тој направи оргомни промени во играта на тимот по што добрите резултати почнаа да се редат, па така ја доби довербата од раководството на Блус.

Инаку, Беруби е само втор привремен тренер во историјата на НХЛ лигата кој успеа да го освои Стенли Купот, а истотака беше кандидат да ја освои наградата за најдобар тренер за сезоната 2018/19, која на крајот припадна на Бери Троц од Њујорк ајлендерс.

- Оглас -

Најнови вести