Од пусти мерак пласманот на ЕП да ни биде со убедлива победа, остана без речиси 2.200 евра

Пласманот на Европското првенство, односно историската победа на Македонија од 1-0 над Грузија среде Тбилиси, некому донесе двојна радост со добитен тикет во Sport Life, но има и такви обложувачи кои се надеваа дека Рисовите на Игор Ангеловски ќе слават поубедливо.

Добар, но малерозен пример е клиентот од Скопје, кој во четвртокот ги типуваше натпреварите во кои се бркаше пласман на континенталниот собир. Со само 50 денари влог, чекаше евентуална одлична добивка од 134.895 денари на феноменален коефициент 2.697 составен од само четири натпревари.

Подразбирливо, тикетот е предводен со Македонија, каде што се чекало втор гол на нашата селекција, при одигран тип дека во првото полувреме ќе нема водство ниту на една страна, а во вториот дел нашите ќе победат и при тоа ќе паднат од два до четири гола. Така и беше во поголемиот случај од дуелот, но круцијалниот погодок на Гранде Пандев остана да биде одлучувачки во средбата, па квотата 15 од овој тип не му донесе среќа на обложувачот.

Останатите дуели ги погоди, Србија израмни на 1-1 во 90-та минута за точен тип ГГ, Унгарија за само четири минути во финишот оствари пресврт од 2-1 за точно типување 1 & 3+ голови, а и Северна Ирска во 88-та минута го поништи водството на Словаците од првиот дел за конечни 1-1 по 90 минути игра.

Вистинска штета, од пусти мерак победата на Македонија да биде поубедлива, остана без речиси 2.200 евра.

- Оглас -

Најнови вести