Кеи Нишикори успеа да му се реваншира на Григор Димитров за поразот во Бризбејн пред две години, и тоа тогаш во битка за титулата, па Јапонецот сега е прв фаворит за трофејот.
На двапати со 7:5 во гемови Нишикори го елиминира шампионот од 2017 година, се пласира во полуфиналето, каде што ќе игра против Жереми Шарди. Тенисер, кој претходно од игра го исфрли ланскиот пбедник на АТП-турнирот Ник Кирјос.
Во битка за трофејот на австралискиот турнир, кој е одлична подготовка за Гренд слемот во Мелбурн, остана уште само еден тенисер што има титула од Бризбејн, Милош Раониќ. Го чека четврт-финале против рускиот тенисер Данил Медведев, утре од шест часот наутро.
Турнирот во Бризбејн се игра од 2009 година и досега титулата ја освојуваа: Радек Штепанек, Енди Родик, двапати Енди Мареј, Лејтон Хјуит, Роџер Федерер, Милош Раониќ, Григор Димитров и Ник Кирјос.