Од следната сезона Барди ќе игра со Сон, ама од Понферадина

Енис Барди од следната сезона ќе игра со Сон, но не со познатиот играч на Тотенхем, туку соиграч ќе му биде Франсиско Ксавиер Идалго, кој го има прекарот идентичен со презимето на многу попознатиот фудбалер од Јужна Кореја.

Леванте успеа да се договори со Понферадина за преселба на шпанскиот Сон во клубот од Валенсија, а заедно со него доаѓа и Микаел Малса, уште еден второлигашки фудбалер.

Сон е десен бек и воопшто не му е конкуренција на Барди, а ако нашиот репрезентативец остане во Леванте, ќе има ривал за местото во средниот ред во Малса, кој доаѓа од Мирандес. Играчот кој е роден во Париз игра за селекцијата на Мартиник и е еден од најбараните фудбалери што настапуваат во Втората шпанска лига.

Леванте беше најбрз и си го обезбеди потписот на 24-годишниот Малса и на две години повозрасниот Франсиско Ксавиер Идалго Сон.

 

- Оглас -

Најнови вести