Од срам дека не успеал во Манчестер јунајтед, си го променил личниот опис

Кинескиот фудбалер Донг Фангжу во летниот преоден рок во 2004 година потпиша за Манчестер јунајтед. Тоа беше чудна одлука на легендарниот Сер Алекс Фергусон, бидејќи речиси никој претходно немаше слушнато за Донг и не беше познат неговиот квалитет.

Тогаш 19-годишниот Кинез се соочи со проблем, бидејќи не доби работна дозвола во Англија, па мораше да биде даден како позајмен играч во Ројал Антверпен во Белгија. Таму помина две сезони и одигра одлично. Во 71 меч даде 34 погодоци, што беше знак за негово враќање на „Олд Трафорд“. Сепак, во дресот на Манчестер јунајтед не се снајде. Донг одигра само два меча за „црвените ѓаволи“, а потоа се вратил во Кина, каде заигра за Далиан Шидеу.

Од Кина повторно замина во Европа. Играше во Полска, Португалија и Србија, но никаде не се прослави. Во 2014 година ја заврши кариерата и започна со настапи во реалити-шоу програми во Кина.

На Донг му било толку многу срам што не успеал да се докаже во Манчестер јунајтед, па решил да направи радикален потег. Фудбалерот направил пластична операција, која речиси целосно му го променила изгледот. За него најважно било, луѓето веќе да не го препознаваат во јавност, бидејќи често го исмејувале за тоа што не успеал да се докаже во Манчестер јунајтед.

 

 

- Оглас -

Најнови вести