Прв меч со публика и ќе биде авантура – Опасно е, ама дојдете да гледате фудбал

Динамо Загреб ќе биде првата екипа во Хрватска што ќе организира меч со публика на домашен терен во посткорона фудбалската ера. И покрај проблемите од малку поинаква природа, во среда против Славен Белупо, Аријан Адеми и соиграчите ќе имаат поддршка од навивачите.

Проблем е што по земјотресот во Хрватска, дел од трибините се оштетени, па ќе се прави селекција на секторите каде што ќе може да има посетители.

„На дел од трибините нема да има публика бидејќи има сериозни оштетувања по земјотресот во Загреб. Ќе мораме да сториме сè за да направиме амбиент за гледачите за да не дојде и до евентуално ширење на ковид-19, но и да бидат на безбедните делови од трибините кои не претрпеа никакво оштетување“, велат од Динамо.

Вкупно ќе можат да присуствуваат околу 8 илјади гледачи, иако капацитетот на „Максимир“ е 35 илјади места.

Динамо Загреб е на прагот на нова титула во Хрватска бидејќи на 8 кола до крај има 17 бода предност пред Хајдук и Риека.

 

 

- Оглас -

Најнови вести