11.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Од средината на мај играчите во НБА лигата ќе земаат 25 отсто пониски плати

НБА лигата ќе им ги намали платите на кошаркарите почнувајќи од 15 мај за 25%, со цел клубовите да го издржат кризниот период предизвикан од пандемијата со Корона-вирусот.

Тоа значи дека последната целосна плата кошаркарите ќе ја земат на 1 мај, а доколку сезоната продолжи играчите ќе го добијат назад и скратениот дел. Во спротивно, споменатиот процент од платите ќе го задржат клубовите.

Паузата во НБА лигата трае од 11 март и засега не е познато дали и како ќе продолжи сезоната, ако всушност има услови за такво нешто.

- Оглас -

Најнови вести