Од таму шутирај колку сакаш (Видео)

Оклахома славеше на гости кај Њу Орлеанс со 123:118, а потегот на мечот го имаше гостинскиот играч Стивен Адамс. Пред истекот на полувремето, Адамс реши да се обиде да постигне кош со шут од неговата половина. Ја прифати топката и беше речиси на линијата за тројка, но во сопствениот дел од теренот и непречен од никого шутна.

Домашните играчи како да не веруваа дека може да биде постигнат кош, па го оставија Адамс непречен од никого, а на крајот топката „без коски“ заврши во мрежичката, а Адамс задоволно прослави.

- Оглас -

Најнови вести