Баерн Минхен ја одбрани титулата во Бундеслигата, а вечерва ќе оди во поход на двојна круна, за повторување на ланскиот успех. Во финалето на Купот на Германија, Баерн ќе игра против Баер Леверкузен. Мечот се игра на Олимпискиот стадион во Берлин, а публика нема да има.
Најтрофејниот германски клуб е како машина за победи. Има 16 триумфи во низа во сите натпреварувања, а во 2020 година во 21 натпревар е со 20 победи и само еден нерешен меч. Овие факти доволно говорат дека Баерн е апсолутен фаворит, иако против себе го има Баер Леверкузен, традиционално незгоден ривал.
Леверкузен е еден од ретките тимови кои може да се пофали дека сезонава го има победено Баерн и тоа во Минхен. Беше тоа во ноември 2019 година, кога гостите славеа со 2:1. Баерн се реваншираше за тој неуспех и пред неполн месец убедливо со 4:2 победи во Леверкузен.
Ако се гледаат меѓусебните средби, јасно е дека ова треба да биде меч со многу голови. Традицијата покажува дека последните седум меѓусебни средби се вистинско шоу со погодоци и мрежите се треселе вкупно 33 пати, односно има 4,7 гола по средба.
Ако се знае дека двете екипи негуваа офанзивен фудбал и дека ова е меч за титула, доколку рано биде постигнат гол, нема да има калкулации и може да очекуваме повторно да има многу голови. Во Sport Life коефицинетот за 4+ е 1,87, а за да биде голеада со 7+, коефициентот е дури 10.