Одбојкарите или ќе победат убедливо против Турција, или ќе чекаат до мај

Македонските одбојкари се на чекор до сигурен пласман на Европското првенство кое ќе се игра годинава, но за да успеат во тоа, мора вечерва од 18 часот да ја совладаат Турција со 3-0 или 3-1 во сетови. Секоја друга варијанта ќе значи дека ќе треба да чекаме до мај, кога се играат останатите квалификациски турнири, по што би знаеле дали Македонија ќе настапи на ЕП како една од најдобрите второпласирани.

Со 3-0, Македонија ќе биде прва во групата, а со 3-1 сигурно би биле меѓу најдобрите пет второпласирани од седумте групи. Веројатно и меч со пет сета ќе ни заврши работа, но би морало да се чека да се одиграат преостанатите квалификациски средби во четирите групи, а тие се закажани за мај.

Турците на првиот меѓусебен дуел во „Борис Трајковски“ беа подобри со 3-1 во сетови, затоа и сега се фаворити според квотите во обложувалниците Sport Life. Победа на Македонија од 3-1 во сетови, ќе значи дека и нашите и турските одбојкари ќе се пласираат на континенталниот собир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести