Одбојкарите конечно се комплетираа

Гостувањето во Запорожје против Украина в сабота е единствениот фокус за македонската одбојкарска репрезентација, која се обидува да избори дебитантски, историски пласман на Европско првенство за мажи. До ЕП, кое во септември ќе се игра во Белгија, Франција, Холандија и Словенија, може да се доближиме со победа или пораз од 2:3 против Украина, а потоа е можеби клучниот меч, оној во СРЦ „Кале“ со Унгарија на деветти јануари.

„Јас сум слаб во пресметките. Големи се шансите да бидеме втори доколку ги добиеме Унгарците, но јас на тоа не гледам така. За мене прва приказна е Украина. Наша цел е да ги нападнеме со сите сили и да добиеме барем еден сет. Украина е најдобра во групата и го покажа тоа со резултатите. А ако добиеме еден сет, зошто не и два? Ако добиеме два, зошто не и три? Еве, тоа е некоја филозофија за којашто јас мислам дека е вистинска. Треба да се бориме за секој сет, ако може и да го добиеме натпреварот“, вели селекторот Никола Матијашевиќ, кој конечно работи со сите одбојкари на коишто смета за решавачките квалификациски натпревари.

Капитенот Никола Ѓорѓиев ја санираше повредата на коленото, а Филип Деспотовски денеска го одржа првиот тренинг откако претходно паузираше поради вирус. Тоа се добри вести за националниот состав којшто утре патува во Украина.

Со две победи, сигурно ќе играме на ЕП 2019, а доколку оствариме една, тогаш ќе го чекаме епилогот и од другите групи.

- Оглас -

Најнови вести