Одбојкарите поразени од Белгија, загубивме во три сета на разлика!

Одбојкарската репрезентација на Македонија не успеа и по вторпат да биде подобра од Белгија и загуби на гостувањето во Шарлоа со максимални 3-0.

Сепак, нашите одбојкарите одиграа одличен натпревар, во сите три сета беа многу блиску, но ги губеа со по два разлика. Првиот сет го загубивме со 27-25, вториот со 25-23, додека во третиот беше 26-24 за Белгија.

Македонија со овој пораз падна на третата позиција во групата “Б“ од Златната одбојкарска лига на ЦЕВ, а следниот предизвник за нашите одбојкари ќе биде веќе в среда кога ќе и гостуваме на Хрватска во Задар.

- Оглас -

Најнови вести