Репрезентацијата до 21 година минимално загуби на гостувањето кај источниот сосед

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година загуби минимално, со 1-0, на гостувањето кај Бугарија, во пријателски меч. До крајот на квалификацискиот циклус, Македонија треба да одигра уште два меча, но тие на програмата се дури во октомври, па селекторот Горан Станиќ, го искористи овој прозорец за контролен дуел, но и да им даде шанса на неколку помлади фудбалери.

Единствениот гол за Бугарија на мечот во Бистрица беше постигнат во 50-тата минута, а беше дело на Стивен Стојанчов, но и Македонија имаше шанси да извлече позитивен резултат, кои не ги искористивме.

Дуелот против источниот сосед ќе биде единствената активност во овој прозорец, додека контролен меч се очекува да има и во септември, пред продолжението на циклусот квалификации.

- Оглас -

Најнови вести